(ВИДЕО) Мицкоски: Во Брисел разговаравме и за ветувањето на Заев за предвремени парламентарни избори на есен

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изминативе два дена во Брисел вели дека „ги запознал соговорниците од сестринските партии со вистинската реалност во Република Македонија“.

-Зборувавме за отсуство на реформите во здравството, во образованието и сето она кое што претставува практично неуспех на владата на Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија.

Исто така соговорниците ги запознав за периодот кој што следува за претседателските избори кои што се пред нас, еве на нешто помалку од еден месец на денот на гласање ги запознав со нашата стратегија, со сето она кое што го спроведуваме на терен, но и за кампањата која што практично ќе започне официјално од 1 април.

Професорката Гордана Силјаноска Давкова исто така имаше можност да се запознае со голем број претседатели и европратеници од редовите на Европската Народна партија да ги запознае со нејзините гледишта, со програмата која што ќе ја презентира пред граѓаните во Република Македонија како иден претседател на Република Македонија и за сето она кое што претставува нели визија како понатаму треба нашата држава да се развива.

Денеска имав исто така квалитетна средба со претседателот Дол. Разговаравме за актуелностите во рамките на нашата Европска Народна партија, но и сто така и него го запознав со актуелните политички случувања во Република Македонија, насилното однесување на Владата, насилното однесување на институциите, сега на еден месец пред практично гласањето во рамките на претседателските избори.

Разговаравме и за политичкиот прогон, отсуството на реформи во Република Македонија, но и разговаравме и за ветувањето кое што претседателот на владата, господинот Зоран Заев го даде, дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори таму некаде на есен ќе распише предвремени парламентарни избори. Го држиме за збор господинот Зоран Заев, бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов кој што себеси си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори да распише предвремени парламентарни избори таму на есен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести кои што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов