(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано

Од:

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги правеа, ги прават, а гледам и дека имаат намера да продолжат да ги прават и врз нивната татковина, но и врз ВМРО-ДПМНЕ, порачувам дека и јас, но и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано и на следните, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори, жестоко ќе ве поразиме, а првата таква пречка ќе дојде сега многу скоро на пролет, за време на претседателските избори кога исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди кандидат кој што жестоко ќе го порази кандидатот на СДСМ на тие претседателски избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова политичко мочуриште кое што ни го приредија е резултат на нивната забеганост. Немаат реален допир со вистинските потреби на граѓаните не ја чувствуваат реалноста поради сопствената самобендисаност и затвореност. И како резултат на сето тоа излегоа пред граѓаните најпрвин малтретирајќи ги по улиците низ република Македонија неколку години пред да се случат предвремените избори во 2016, а потоа и за време на кампањата на тие предвремени парламентарни избори во декември месец 2016-та кога како резултат на овој без контакт со реалноста понудија Програма и ветувања коишто ги именуваа во тоа време како „Живот“. И се обврзаа за работи кои што не само што ни одблиску не можат да ги исполнат, туку се обврзаа на работи кои што не можат дури и да ги помислат мислејќи дека ќе ветиме ќе дојдеме на власт ќе не инсталираат, па потоа не ни е гајле ќе не држат додека требаме, а потоа повторно една нова лага ќе приготвиме и се така до недоглед“ нагалси Мицкоски пред насобраните во Гостивар.

Па во име на тоа, рече Мицкоски, ги поткренаа очекувањата кај граѓаните ветувајќи 500-тини евра просечна плата, ветуваа 100-тина илјади денари просечна плата за докторите, ветуваа загарантиран откуп за земјоделците на нивните земјоделски производи, на нивниот труд на нивната мака, ветуваа општество за сите, ветуваа реформиран судски систем, ветуваа раст на БДП од 5%, ветуваа зголемување на директните странски инвестиции, но и заживување на домашните.

„Ветуваа дека ќе ги вратат сите оние кои што наводно иселени од Македонија поради разочараноста од претходните влади и што ли уште не, ветуваа нови болници, градинки, училишта, автопатишта, 500-тини километри автопат, а што реализираа?!?! Едно празно НУЛА. И не само што не реализираа, туку денеска ги гледам на прес конференција во Владата повторно ги поткреваат очекувањата кај луѓето со Буџетот за 2019 година. Овие 2 години се небитни, не е важно што направивме во 2017-та, не е важно што направивме во оваа 2018-та што полека изминува, е ќе видите сега во 2019 та ќе ни тргне, ама ако не ни тргне во 2019-та, во 2020-тата сигурно ќе ни тргне“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки

Горан Наумовски

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Горан Наумовски

50 годишна жена крадела во Гостивар – фатена на дело се обидела да и избега на полицијата

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он