(ВИДЕО) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот

Од:

Членството на ВМРО ДПМНЕ ќе се мобилизира за да се поништи законот за попис кој ќе се донесе, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а доколку пописот сепак се случи резултатите нема да бидат признаени.

„Ќе има иницијатива за собирање потписи во Министерството за правда, предлог закон во Собранието за поништување на овој закон кој по насилен пат владејачкото мнозинство се обидува да го донесе“, вели Мицкоски.

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ се дискутирало за пописот и било заклучено дека попис е потребно да има, но тоа да биде статистичка, а не политичка операција.

Мицкоски ги наведе Германија, Шкотска, Ирска, Романија и Србија како земји кои го одложиле пописот кој требало да се случи годинава.

Според него попишувањето кое е предвидено без покажување на било каков доказ, со диктирање на матичниот број, е подложно на злоупотреба.

„Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без да докаже дека тие се резиденти на Македонија“, праша Мицкоски.

Според ВМРО ДПМНЕ, попишувањето со терминали за отпечаток од прст е вистинскиот начин за пописот да не биде злоупотребен.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар