(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

– Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

– Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе шест и пол години, изјави Мицкоски.

Во однос на тоа што Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрози европските интеграции истакна дека ако некој овие 7 години ги загрози ЕУ интеграциите тоа се СДСМ и ДУИ поради криминалот и корупцијата и нивната политичка матрица како само да го ограбуваат народот.

„Па ако некој ги загрозува овие 6 и половина речиси 7 години сега на 1 јуни е токму коалицијата ДУИ и СДСМ, бидејќи главна цел изминатите 6 и половина 7 години не беше да презентираат вредности, да ги решаваат проблемите на граѓаните тие имаат за цел да прифаќаат понижувачки договори и да ставаат потпис на се за да можат подолго да останат во фотелјата и да можат да го ограбуваат народот и да можат да ја ограбуваат Македонија. Тоа беше нивната политичка матрица, така што тие се главните виновници зошто ние 7 години не се поместивме ниту милиметар од тоа што беше состојба пред пет години иако ветуваа ќе ве потсетам и живот и едно општество за сите донесоа живот за малкумина и општество за малкумина“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Судски совет за изјавата на Мицкоски: Судската власт е самостојна и независна, секое мешање носи сериозна опасност по демократијата

Катерина Ѓуровски

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“