(ВИДЕО) Мицкоски: Сваровски судството го надоградија во Луј Витон правосудство

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, испрати критики со премиерот Зоран Заев, до како што рече партизираното судство и најавио морален кодекс за идните политичари од редовите на партијата.

Зоран Заев она владеење кое што го имаше во Струмица како градоначалник, сега како премиер го пресликува во Македонија. Тоа е владеење кое се потпира на две клучни карактеристики, притисок, корумпирање и купување и корумпирање на луѓе кои подоцна мисли дека се негови робови, затоа што мисли дека него му должат, рече Мицкоски.

Заев кога стана градоначалник не пропушти буџетите, парите на граѓаните така прецизно да ги распредели на компаниите на братучедите, роднините и блиските пријатели. Се сеќавате на оние тендери кои во Струмица завршуваа кај бате, чиче и братучедите. Па така парите на народот станаа пари на семејството Заеви. Секогаш кога имаше избори дел од тие пари одеа за поткуп, корумпирање или решавање на ситни проблеми на притиснати од мака граѓани. Неговата игра all in за Македонија е руски рулет каде влогот е нејзиното постоење и иднина. И така чекор по чекор тие станаа најбогатото семејство на Балканот, а можеби во Европа, а Македонија најсиромашната земја во Европа најкорумпирана земја на Балканот, рече Мицкоски.

Кога така говорат за нивното надградено Сваровски судство во Луј Витон правосудство ќе помислите овие луѓе не се три години на власт, туку само што дошле. Па демек министерката Дескоска била револтирана за застарените предмети во судството, ама кога ќе им треба истото тоа судство да испорача некоја одлука под маса, тогаш власта И Зоран Заев се најзадоволни. Нивната тактика е тие да удираат по судиите, а овие да молчат бидејќи сакаат да го амортизираат незадоволството од неспособноста и подземните игри кои ги прават. Ама не може да се амнестираат од фактот дека не донесоа правда. Не може да се прават дека не се одовде. Демек Џолев не чинел, а овој е прв на сите нивни приеми и има исти ставови како и власта. А што е со Кацарска, Рускоска кои се ороводци на овој трул и корумпиран судско обвинителен систем. Нели до вчера се фалеа дека прават реформи со советот на чие чело е Зоран Заев, нели до вчера Заев ќе го отвораше судството како пупка.
И сега кога доаѓаат избори истиот оној кој ветуваше реизбор на судиите, откако благонаклонетите од минатото седнаа во неговиот скут и му станаа најверни слуги, и една реформа не направи во судството, тогаш реши ќе правел ветинг. Ви се молам, не може да бегаат од одговорност затоа што до гуша се извалкани со игрите кои ги прават.

Го слушам вчера, ќе правел ветинг, во Велес најавува, а заборави дека само пред неколку месеци еден градоначалник од Скопје на прес конференција јавно го презентираше рецептот на Зоран Заев. А тоа е притисок или овој судија да биде судија или договорот не важи. Таков е ветингот по принципот на Заев. Колку повеќе ми слугува, толку повеќе ќе напредува во судството. Е така веќе не може и после 12 април ќе следува отчетност и одговорност за сето ова кое што го направи.

Принципите за кои говорам нема да бидат слово на хартија или напразно кажан збор, туку морален кодекс кој мора да го знае и применува секој кој ќе ја има одговорноста да му служи на народот.

Овој морален кодекс, е за да не дојде до грешки, за да ја смениме сликата за политиката во Македонија.

Прво, Нема да има предолго останување на функција, затоа што секоја таква појава, колку и таа успешно да се обавува, предизвикува рутинизирање, и чувство на самодоволност, и арогантност која доведува до одлепување од народот. И така се намалува квалитетот, а максимумот кој треба да се даде се сведува на минимум. Нам не ни требаат функционери кои ќе бидат заштитени како бели мечки. Функцијата не го прави човекот, туку човекот ја прави функцијата, а таа мора да му служи на народот.

Второ, ако има некој функционер кој сака да обавува и функција да биде истовремено бизнисмен, нека заборави на тоа. Не може тоа така. Овој народ мора да има луѓе на позиции кои треба да им одговорат на барањата на граѓаните, а не на личните бизнис интереси.

Трето, мора да излезе на површина квалитетот на луѓето и нивните способности. И доколку има некој кој што е надвор од нашата коалиција и партија, а кој што е подготвен да се вложи со своето знаење и квалитет на одредена позиција ќе биде добредојден тоа да го направи. Бидејќи таквиот избор на квалитетни кадри носи бенефит за народот, за државата, па и за нашата партијата, зошто граѓаните ќе ја наградат и партијата поради луѓето кои чесно и одговорно работат.

Четврто, администрацијата мора да се ослободи од стегите во кои сега работи. Реваншизмот не смее да биде слика која се повторува 28 години, туку тој треба да се замени со функционирање на правната држава и словото на законот. Треба да одговараат оние кои вистински се огрешиле спрема народот и законите. Треба да се плашат само оние кои нанеле зло и направиле криминал.

Петто, мора да бидеме достапна Влада за народот. Ако можам јас за еден месец да минувам илјадници километри низ нашата земја и да правам контакти со народот, тогаш тоа ќе мора да го прави и секој еден кој ќе има одговорна позиција во новата влада. Мораме да ги слушаме и барањата на коморите, синдикатите, еснафските здруженија. Преку таквите консултации ќе прибираме идеи, размислувања, но и ќе се коригираме. Ќе формираме координативно тело раководено од министер кој ќе ја организира оваа работа.

Шесто, ќе имаме посебно внимание и почит кон верските заедници и религиозни групи согласно нашата идеолошка определба. Но исто така ќе ги почитуваме и маргинализираните групи и сојузи нудејќи општество без предрасуди и без стереотипи.

Седмо, Економија, раст и развој. Образование кое е квалитетно, и модерно. Шанса за младите и посебна стратегија за борба против иселувањето. Ќе понудиме решенија како дел од план со кои мора да се спротивставиме на егзодусот со иселувањето. Да ги задржиме луѓето кои тука ќе градат иднина. Да обезбедиме правда без исклучок. Здравство со стандарди и квалитет. Земјоделие кое ќе нуди можности за земјоделците, култура со почит кон традицијата и модерното, и без влијание на политиката. Ова се основите кои ќе ги следиме во идната програма. И ќе се трудиме да оствариме што е можно повеќе, и ако нема реализација на ветеното, тогаш казната од народот ќе дојде. Нема да има мешање на политиката каде не и е местото.
И уште сега сакам да кажам, ќе ветуваме реални работи кои ќе ги реализираме. Не сум човек кој може се да каже и вети само за да ги направам тие околу мене и пред мене да бидат задоволни. Јас ќе го ветам само она во што верувам и знам дека ќе го остварам.
За младите ќе имаме цел сет на мерки, нов пристап и нов начин за комуникација. Младите ќе бидат вреднувани и почитувани. Ќе имаме мерки со кои ќе им се помогне при вработувањето, ќе подобриме стандардите во образованието и пред се ќе ја имаат слободата која им недостасува. Партнерски однос кој тие го заслужуваат, разговор на рамноправни, и почитувани индивидуи.

Осмо идните функционери ќе мора да се откажат од луксузирањата. Доста е од луксузирање 28 години, на политичарите. Нема да има трошоци за непродуктивни работи, и за личен комодитет. Не може народот да е на сол и леб, а функционерите да се луксузираат. Не оди тоа тоа. Треба да се стави крај на таквиот морален хазард, јас ќе бидам прв меѓу еднаквите.

Деветто, Имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, САД и НАТО алијансата. Ќе работиме за ЕУ, ќе работиме за стандарди, и принципи, да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме напред. А ниските страсти во политиката ќе ги оставиме на страна. Тие партнерства се базирани на меѓусебна почит и поддршка, на вредности и взаемен интерес, а не непотребно и недостоинствено додворување. Еден мој пријател од една голема Западна земја членка на НАТО во една прилика ми рече, имаме проблем со Заев, се живо ветува насекаде, на никого не вика не. Од мене нема да чуете приказни дека на некого ќе му го омекнувам срцето само за да ни прогледа низ прсти, туку има да се засукаат ракавите и да се работи деноноќно.

И колку и да сакаат луѓето од сегашната власт да не наречат екстремни националисти, знаат дека ние сме луѓе родољуби и патриоти кои си ја сакаат земјата и ги бранат заедничките интереси. И кога говорам за македонизмот, говорам дека тој е основата на нашето општество на која треба да се развиваме, ниту антиквазицијата, ниту онаа насилна севернизација, која што ни се турка во последно време, туку Македонизам како космполитска идеја која треба сите нас да не врзува и да не обединува.

Десетто, Нема да бараме поддршка базирана на трговија со гласови, туку поддршка базирана врз програма и цели. Јас немам хипотеки кон никого во политиката, и јас и сите ние единствено можеме да обратиме кон оние кои не поддржуваат со работа и со принципиелен однос.
Ова е моралниот кодекс составен од принципи и вредности, а следува и програма. А промените кон подобро ќе се почувствуваат во првите 100 дена од мандатот на новата влада, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Кузеска: ДПМНЕ го пушти Груби да избега и целосната одговорност е кај нив

Џабе се прпелкате му порача СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ кој обвинува дека и Ахмети и СДСМ знаеле за криминалите на Груби

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници да размислат за нивната раздорна реторика и постапки

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски