Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Од:

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски упати и совет до Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината.

Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски информира и дека најверојатно утре ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори.

-Го слушнав тој брифинг на Ахмети и врз основа на тоа можам да излечам два заклучока, првиот е да дадам еден совет, да гледаме во иднината, а не во минатото. За жал, господинот Ахмети изгледа се уште живее во минатото зашто ако живее во сегашноста, ќе може да направи огромна материјална разлика меѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои на грбот на македонските граѓани се збогатија и тоа е основната причина зашто е тој во опозиција, истакна Мицкоски.

За помалку од пет месеци, потсети, ќе почне кампања за локалните избори.

-Граѓаните ќе кажат која политичка партија ја заслужува довербата, а која не, кои градоначалници и кои советници, па врз основа на тие резултати понатаму може да носиме заклучоци дали ќе има предвремени избори или не, нагласи премиерот.

Би можело да ве интересира

Албанскиот претседател се сретна со Али Ахмети и порача дека Албанците се одлучувачки фактор во Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности, земја во која трудот се исплатува

Горан Наумовски

Има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, тврди Мицкоски

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

(ВИДЕО) Мицкоски: Луѓето кои распродадоа се што можеше да се распродаде, немаат кредибилитет да судат

СДСМ: Мицкоски тера партиски трибини додека луѓе гинат во пожарите, целосно е одлепен од реалноста