(ВИДЕО) Мицкоски до Ковачевски: Ако власта собере 80 пратеници за промена на Уставот ќе заминам од политиката, ако не да одиме на предвремени избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Тетово им понуди на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени, додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.

– Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката, затоа што има полна доверба во сите нив, потенцираше тој.

– Еве денеска ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски веднаш откако парламентот, односно парламентарците ќе се вратат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски