(ВИДЕО) Мицкоски: Сетот мерки на Владата е задоцнет, нема да ја подобри состојбата

Од:

При денешната посета во општина Свети Николе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека сетот мерки е задоцнет и нема драматично да ја подобри состојбата со кризата, туку дополнително создава фрустрации кај народот и некој не верува во капацитетите на Владата.

„Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е задоцнет, генерално тие кои што се суштински ВМРО-ДПМНЕ уште пред неколку недели ги предлагаше, но поради надменоста на оваа Влада и самобендисаноста тие не успеаја да се надминат себеси и тогаш да ги прифатат, еве малку модифицирани ги доставија до парламент ги поддржавме, иако се задоцнети иако знаеле пред 4 месеци дека до ова ќе дојде вистинското прашање е зошто не се подготвиле и што навремено не реагирале туку чекаа по инерција и задоцнето да се случи ова што денеска се случува. Така што не мислам дека се на време и не мислам дека драматично ќе ја подобрат состојбата, напротив го фрустрираат дополнително народот и никој денеска не верува во капацитетите на оваа Влада“, нагласи Мицкоски.

Запрашан за тоа до каде се преговорите со Бугарија, Мицкоски одговори дека тоа е процес кој е приватизиран од страна на Владата и имајќи во предвид тоа што не го прифаќаат единството и декларацијата на која повика ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека сакаат да ѝ удоволат на Бугарија, а не на македонскиот народ.

„Немам информации. Генерално Владата е таа која што го приватизираше овој процес. Немаме никакви информации за ново дополнително отстапување или нови дополнителни предавства кои се подготвуваат. Ние во неколку наврати ги повикувавме на писмени гаранции, ги повикувавме на единство, ги повикувавме на декларации, но очигледно повеќе сакаат да удоволат на официјална Софија отколку на македонскиот народ, на македонската држава и на македонските граѓани“, потенцираше Мицкоски.

„Тоа се два паралелни света, едниот каде што огромно мнозинство македонски граѓани живеат, а тоа е оној свет каде што луѓето едвај крај со крај врзуваат од први до први. И оној каде што малкумина послушници на заевизмот во кој што прв е сега Ковачевски живеат и кој што нормално печалат на грбот на граѓаните“, одговори Мицкоски на новинарско прашање за новото видео обраќање на Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека едниот свет е реалниот свет, а другиот свет е на послушниците на заевизмот.

„Едниот свет е реалниот, а другиот свет е оној паралелниот во кој што овие граѓани живеат во заевизмот, а ги предводи во моментов раководителот на тој проект на заевизмот, а тоа е граѓанинот Ковачевски“, појасни Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски