(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Тимоние: Политичкиот прогон е пречка за придвижување на стратешките процеси

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од Генералниот секретар, Игор Јанушев и членот на Извршниот Комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, стратешките приоритети на Република Македонија и реформските процеси важни за државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека е потребен политички дијалог и вклучување на опозицијата во однос на клучните прашања во државата, а самиот процес е двонасочен, односно за тоа потребна е волја од владејачкото мнозинство.

Мицкоски истакна дека е загрижувачки застојот во економијата и реформските процеси, што се должи на недоволната посветеност и манифестирањето на неспособност од страна на власта да менаџира со процесите и државната економија. Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој процес, но доколку истиот е во насока на јакнење на демократијата и е од интерес на државата и граѓаните на Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средбата информираше дека сериозен проблем претставува политичкиот прогон кој го спроведува власта и дека истиот претставува пречка за придвижување на стратешките општествени и политички процеси во државата кои се уште се во застој.

Во однос на интеграциските процеси, Мицкоски истакна дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО и ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи во насока на остварување на овој стратешки процес.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски