(ВИДЕО) Мицкоски: СДСМ и Заев ветуваа многу работи, но за жал не можеме да видиме ништо од тие ветувања

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Кавадарци по поводот гроздоберот 2018 година. Мицкоски во својата изјава за медиумите меѓудругото посочи дека не може да ги изостави сведочењата од страна на граѓаните на Кавадарци кои што, како што посочи со голема резигнација се изразуваат за политиките кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев.

„Гледаме дека ветуваа многу работи, но за жал не можеме да видиме ништо од тие ветувања на дело. Помина година ипол откако владата на СДСМ и Зоран Заев се во Рапублика Македонија, гледаме дека ниту еден километар автопат не успеаа да изградат, гледаме дека сите оние проекти кои што беа успешно започнати и требаше до сега да завршат неуспеваат да ги завршат напротив ги одолжуваат“, изјави Мицкоски.

Лидерот на опозицијата додава имаме една масовна депресија, една масовна стагнација во сите пори во општеството, но од друга страна можеме да видиме една исклучително скапа пропаганда, една машинерија која што врши класичен напад на менталниот склоп на сите граѓани. Се обидува граѓаните да ги убеди во нешто во што и самите не веруваат, бидејќи доколку веруваа ќе знаеја дека сето ова немаше да им биде потребно, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар