(ВИДЕО) Мицкоски: Русковска лаже, не е точно дека одбивам соработка со обвинителството

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги отфрли како неточни исказите на обвинителката Вилма Русковска дека не сакал да соработува со обвинителството и нагласи дека е подготвен во кое било време, доколку биде повикан, да се појави на распит и да даде исказ.

„Како може да прејудицира обвинител, кој треба да биде странка и да ги заштитува интересите на правдата и вистината, да каже дали ќе прифатам или не, да соработувам со обвинителството и да дали ќе дадам исказ“, рече Мицкоски.

Тој рече дека од месец јуни разменува смс пораки со обвинителката Русковска за нивна средба, во врска со, како што рече, уцената на екс специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за случајот со замрзнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, но дека до ден денес не договориле средба.

„На 11 септември беше прес-конференцијата на која зборував за документите кои свиркач ги достави до ВМРО-ДПМНЕ. За сево ова имам докази и подготвен сум да докажам се“ изјави лидерот на опозициската партија.

Мицкоски рече дека е „вчудоневиден и разочаран поради лошата состојба во правосудството и тесната врска“, како што рече, меѓу власта, обвинителството и судството. Додаде дека кога неговата политичка партија кога ќе ја превземе власта судството ќе биде ослободено од канџите на политиканството.

-Сите овие невистини и лаги имаат за цел да му слугуваат на Заев, кој Катица Јанева за кратко ја замени со Рускоска“ рече Мицкоски.

Мицкоски ја осуди цензурата врз новинарите и повика јавното обвинителство и останатите институции да си ја завршат работата согласно законите, без вршење каков било притисок на новинарите.

„Не ми паѓа на памет да напаѓам новинари по било кој основ. Тие треба слободно и без цензура да си ја извршуваат работата. Јавните личности се подложни на критики кои не секогаш може да им се допаднат. Отворен сум за аргументирано дискутирање за сите критики, а кој не е подготвен треба да се повлече од функцијата“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми