(ВИДЕО) Мицкоски: Полицајците кои ги загубија животите во Диво Насеље ја имаат мојата највисока почит, тоа се нашите современи херои

Од:

„Денес навршуваат 3 години од немилите настани во Диво Насеље Кумановско. 3 години на болка и за семејствата на хероите кои ги положија своите животи во одбрана на нашата татковина, но и 3 години паметник за нивниот херојски подвиг во кој се пресметаа со една од најопасните криминално терористички банди на овие простори положувајќи ги своите животи“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Видео обраќање

Полицајците кои ги загубија животите во Диво Насеље ја имаат мојата највисока почит, тоа се нашите современи херои.

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 09 мај 2018

„Македонија не смее и нема да ги заборави. Ова се нашите современи херои.

• Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од Брвеница

• Ненад Серафимовски од Зубовце

• Бобан Ивановиќ од Стајковци

• Горан Илијевски од Гостивар

• Исамедин Османи од Студеничани

• Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје

• Горан Стојменовиќ од Миладиновци

Ова се луѓето кои ги положија животите за нашата слобода и мир. Нивното, како и делото на сите полицајци и одбрамбени сили кои учествуваа во таа акција ја имаат мојата највисока почит.

Правдата мора да биде задоволена. Било кое селфи и смеење на местото каде полицајците ги загубија своите животи, иницијатива за меѓународна арбитража која се почесто се споменува, или пак политички договор за работи кои се јасни и многу прецизни, и каде веќе има утврдена вина и одговорност се тенденциозно нарушување на јасната слика дека криминалот, тероризмот и насилството мора да бидат казнети и тука не смее да има компромиси.

Државата, особено владата треба да ја обезбеди неопходната грижа и поддршка на семејствата на загинатите припадници на полицијата.

Херојското дело на оние кои со своите животи ја бранеа државата Република Македонија не обврзува сите нас како генерација политичари да ја градиме државата во мир кој е скапо платен, и да обезбедиме шанси за еднаков развој и просперитет на сите нејзини граѓани.

Овие луѓе го одбранија соживотот во државата ставајќи го својот живот пред олтарот на слободата која сега ја живееме. Нека им е вечна слава!“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање