ВИДЕО: Мицкоски обвинува дека струјата поскапува поради партиските вработувања пред изборите

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја обвини власта дека поаскапувањето на струјата е поради водење недомаќински политики и предизборен поткуп на гласачи.

Како една од причините, Мицкоски ја наведе високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која што е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните.

„Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите кои што се во државна сопственост како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор по 26.000 денари по вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка за 7,4 отсто“, вели Мицкоски.

Тој смета дека власта доколку сака може да го спречи покачувањето на цената на електричната енергија.

Мицкоски вели дека новата цена на електричната енергија е грабеж на граѓаните кои сега ќе бидат втурнати во уште поголема сиромаштија.

Според него, ваквиот чекор власта го планирала од порано.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител