(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од амандманите за Законот за јазици

Од:

Очигледно е и видливо постоењето на политичка концесија на премиерот Заев во поглед на прашањето на Законот за јазици, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео обраќање.

– Жалам што за вакво крупно прашање не се земаат во предвид аргументите и фактите, туку практично се погазува Уставот и по секоја цена се обидува да се донесе закон кој не е уставен. Не е возможно законот да се донесе по демократски пат, а без притоа да се прекрши Деловникот на Собранието и не се изврши упад во процедурите, бидејќи ние нема да отстапиме од единствениот начин на покажување на демократски пркост а тоа се 36-те илјади веќе поднесени и прифатени амандмани. Бидејќи ваков клучен закон се настојува да се донесе без дебата и разговор со опозицијата, да се игнорираат забелешките од претседателот на државата, само за да се задоволат одредени политички апетити јасно е за каков случај на пазарење на сметка на уставот и законот имаме, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Заев ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во обезбедувањето на парламентарно мнозинство и стабилност на владата само да не потпаѓа под уцените кои се на штета на државата и да не го донесе неуставниот закон.

– Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање да учествува во изработка на законско решение кое е уставно, практично и применливо. Македонија не смее да функционира по принцип на преседани. Доколку се прекршат процедурите за носење на ова законско решение, тоа ќе значи воспоставување на нова незаконска пракса и истата ќе биде применувана во иднина. Затоа го повикувам премиерот и сите субјекти од власта уште еднаш да размислат пред да влезат во нов процес кој ќе значи нова политичка криза за Република Македонија, рече Мицкоски.

– Зоране јас те разбирам дека наспроти тебе стои човек кој што нема никаква, никаква концесија во минатото и нормални се твоите изјави, не можам да те оправдам, но можам да те разберам. Ќе мораш да научиш да живееш со тоа, политичките кариери на политичарите не траат вечно, за некои се подолги, но за некои се пократки. Но, она што ќе остане позади нас е дали ние како политичари сме додаде вредност и сме направиле нешто за оваа држава и за овој народ. Затоа уште еднаш апелирам за разум од твоја страна, да се посветиме на реформските закони, да се посветиме на реформите што ќе значат поквалитетен живот за нашите граѓани, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски