(ВИДЕО) Мицкоски: Многу над 500 евра плата, ќе станеме економски џин на Балканот

Од:

Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот, рече Христијан Мицкоски од настанот за кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ во населбата Драчево.

-Тоа е она кое што за нас претставува вистински предизвик и тогаш можеме да кажеме дека ние сме успеале, кога ќе ги видиме тие луѓе како назад се враќаат во државата која што ја напуштија, како назад се враќаат во Македонија заедно со нивните семејства и тука ќе го продолжат живото кој што го почнале.

„Можеме да кажеме дека сме успеале кога нема ветуваме дека ќе направиме во нашиот мандат 500 евра просек плата за вработените, а ќе оствариме да биде многу повеќе над 500. Кога во нашиот мандат нема да велиме дека ќе имаме неколку проценти раст на БДП, а ќе направиме многу повеќе од тоа што ќе го ветиме. Кога нема да ветуваме она кое што го ветуваа нашите политички противници а направија сосема спротивно. Се сеќавате кога ветуваа дека подеднакви услови ќе имало и за домашните и за странските инвеститори, а денеска еве и вчера за време на нашата прес конференција видовте дека не само што не успеаја во годината во која што ја нарекоа економска година и економски бум поради придобивките од политиките на СДСМ и Зоран Заев, не само што не успеаја да направат подобри и поконкурентна средина туку и паѓаат на статистиките на релевантните институции. Нема ниту домашни а нема ниту странски инвестиции.

Македонизмот со силна економија, Македонија економски тигар на Балканот, технолошки гигант и џин на Балканот, Македонија со реформирано образование, Македонија со реформирано и силно здравство со мотивирани доктори и медицински персонал, Македонија каде што правосудството ќе обвинува и ќе суди по закон каде што ќе бидат ослободени од политички стеги и притисоци. Македонија каде што луѓето ќе се чувствуваат како Македонци без да се срамат да кажат дека се Македонци и гордо со крената глава достоинствено ќе се исправат и ќе кажат, да ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град