(ВИДЕО) Мицкоски: Ковачевски и ДУИ не можат затвореник да пренесат од точка А до точка Б, а не убедуваат дека ќе не однесат во ЕУ

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убеден дека уставни измени нема да има, а не верува во Владата на СДСМ и на ДУИ дека ќе го задржи мнозинството во парламентот.

– Ставот за уставни измени е тој, нема да се проени. Овој парламент нема мандат да менува устав. Ниту опозицијата учествувала во изготвувањето на тој договор, ниту се согласила со тој договор, ниту излегла пред граѓаните да ветува уставни измени. Час поскоро треба да се случат избори и да излеземе од проблемот кој го донесе Владата на ДУИ поддржана под СДСМ. Граѓаните се тие што ќе дадат правец кај ќе се движи Македонија. Јас не верувам ни дека ќе го задржат ни мнозинството за подрржа на оваа Влада, а уставни измени мнозинство ќе нема – коментираше Мицкоски по посетата на Вевчанскиот карневал.

Тој го повика Димитар Ковачевски да не бега и да излезе пред граѓаните за да оценат дали Владата на СДСМ успешно се справува со кризата.

– Го повикувам да не дезертира, да излезе пред граѓаните и да види колку успешно се справува Владата. А вака ако продолжи да се крие, нема да може да го добие овој одговор веднаш, туку ќе треба да почекаме неколку месеци за да овие пратеници од СДСМ и ДУИ поддржат распуштање на Собранието и промена на Владата – рече Мицкоски.

Премиерот Ковачевски ја пофали тиранската средба, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски смета дека таа го поделила народот и била средба без суштина.

Во однос на безбедноста на граѓаните кои утрово ги потресе веста за филмското бегство од затворот во Идризово, Мицкоски рече дека тие не се безбедни од многу причини.

– Истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедуваа дека ќе ја однесат Македонија во ЕУ, тие не можат еден затвореник од точка А до точка Б да го пренесат. Еден општ хаос имаме како на Дивиот запад и колку побргу дојдат избори, побргу ќе заврши ова – порача Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари