(ВИДЕО) Мицкоски: Со некои од тие што преговараме, синоќа седеа до Зоран Заев

Од:

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на Македонија“ зашто, како што рече, по многуте турбуленции што се случија изминатиот период во земјата, потребна ѝ е вистинска обнова.

„По сè што се случува во земјата веќе 3 години, добро е што договоривме датум за избори. Вечерва ги информирав коалициските партнери за темите за кои дискутиравме вчера на лидерската. Поради реалноста во која живееме, им предложив коалицијата „За подобра Македонија“, да се преименува во коалиција „Обнова на Македонија“ и тоа беше едногласно прифатено“, рече Мицкоски, кој додаде дека на Македонија ѝ е потребна обнова по, како што нагласи, арамилакот што ѝ се случува на земјата.

„Ви ветувам расчистување на арамилакот, нови реформи во многу сегметни, враќање на правото и нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата“, порача тој.

Рече дека е во преговори со други политички партии за коалирање, но дека сè уште е нејасно дали тоа ќе биде предизборно или постизборно. „Со некои од тие што преговараме се видов синоќа, а тие седеа до Зоран Заев“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали се работи за албански партии, рече дека преговараат.

Мицкоски нагласи дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголема од таа што ја кажувал Заев за водство на анкетите, но вели дека нивен предизвик е предноста да биде многу поголема за да имаат, како што рече, стабилно мнозинство.

„Првиот дел на состанокот беше да ги информирам што се случуваше вчера, сега во вториот дел на средбата ќе разговараме и за други теми“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче