(ВИДЕО) Мицкоски: Јас не сакам да бидам во Европа бидејќи сакам да сум Македонец

Од:

„Овде нема политика, овде има само една партија, тоа е Македонија, и тука се луѓе од сите политички партии, но и оние кои што се неопределени, а кои што изминатото деноноќие дадода голем отпор и на социјалните медиуми јавно, но и во друштво со своите сомисленици“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Владата каде што народот денеска се собра да го искаже своето незадоволство од францускиот предлог.

„Она кое што сакам да го порачам дека денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да стават крај на Македонија ова нема да им го заборави македонскиот народ и македонските граѓани.

Нас не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. Јас не сакам да бидма во Европа затоа што имам право да бидам Македонец кој што говори на македонски јазик и кој што се бори за својата Македонија и за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство.

Тоа е она кое што сакам денеска да го порачам и тоа го порачуваат овие десетици илјади граѓани за неколку недели од оној грандиозен настан на 18 јуни.

На оние од владата сакам да им порачам дека не ме интересирам мене пораката на Еди Рама, мене ме интересира пораката на овие илјадници луѓе овде. А тоа е НЕ за последниот предлог. Ќе почекаме ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она кое што ние денеска сакаме да го кажеме, а тоа е Македонија пред и над се, македонскиот идендитет пред и над се“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on