(ВИДЕО) Мицкоски: Измамникот којшто е носител и којшто треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев

Од:

– Денеска гледаме дека деспотот ќе ги распушти сите општински комитети, но не кажа што понатаму, а притоа заборава да каже дека општинските комитети не се виновни за тоашто тој се колнеше во дедовината, таковината, се колнеше во најмилото, дека нема да го направи тоашто го направи кога тргуваше со идентитетот на нацијата, со идентитетот на државата, рече претседателот од Македонски Брод, се обрати денеска Мицкоски пред симпатизерите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод.

Тој посочи дека СДСМ и Заев од опозиција ветуваа шестотини километри автопат, а денеска граѓаните се сведоци дека и она што го наследија од владата на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го пуштата во употреба, иако поминаа две години откако Зоран Заев е на власта.

-Македонски Брод е место каде луѓето можеби најсилно ја живеат сиромаштијата и уништената песпектива која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод борбата е да се стигне до било каква плата. А и оние 500 евра кои јавно премиерот Заев ги ветуваше се измама. Исто како што се измама и
ветените 1500 евра плата за лекарите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата, истакана Мицкоски.

Tој од Македонски Брод порача дека измамникот којшто е носител и којшто треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски