(ВИДЕО) Мицкоски: Изборот е помеѓу обнова или Ал Капоне политиките на Зоран Заев

Од:

Луѓето сведочат за порази и неправди кои ги има ширум цела држава, луѓето сведочат за неисполнетите ветувања и неиспорачани очекувања, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Битола.

Тој истакна дека за време на попладневната посета на пелагониските општини Новаци, Демир Хисар ќе ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја поддржат коалицијата за обнова на Македонија.

– Битола е сведок на пустошот кој позади себе ќе го остави ова раководство на СДСМ и Ал Капоне политиките преточени во Зоран Заев. Така што навистина можам да кажам дека изминативе 5 дена и месеците претходно можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани, безнадежни, луѓето ги напуштаат родните огништа се селат надвор од државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ имаше период од три години, доволно да покаже и да испорача барем десет проценти од тоа што го ветуваше во 2016 и 2017 година. Ако се направи анализа на нивните ветувања ќе видите дека нема повеќе од пет проценти испорака од ветеното, а во меѓувреме направени се лоши работи кои никој не ги очекувал. Тоа што Заев го кажува на плоштадите и на средби со граѓаните всушност е бегање од помасовно соочување со граѓаните, тој се обидува на контролирани сооочувања со по 30-на активисти да рестартира позиции, но нашиот народ е умен народ и на 15 јули гласно ќе зборува зад параванот и против антиреформските политики, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му