(ВИДЕО) Мицкоски: Или ќе победиме или ќе ја нема Македонија

Од:

На вечерашниот митинг пред Владата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека промени мора да има и дека процесот ќе заврши со смена на оваа власт.

-Големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики на оваа разуздана, криминална и предавничка власт, рече Мицкоски.

-И за премиерот кој се смее дека оваа преубава земја била Западна Бугарија! И тој нека знае дека ова парче земја била и ќе остане нашата мајка Македонија. Народот сака да се избори за својата Македонија, јас сум тука зашто ќе се бориме. Другиот избор е Македонија повеќе да не постои. Секој ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до последниот ден на нашата татковина, или ќе се бориме и ќе победиме или ќе ја нема Македонија. Не има и уште повеќе ќе не гледаат секаде, борба во парламентот, протести на улици, борба во институциите, борва против криминалот, борба да ја вратиме надежта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Што по митингот пред Владата, рече Мицкоски дека е прашањето кое му се поставува и дали ќе падне Владата?

– Нема да биде брзо, но сигурен сум дека скоро ќе се случи. На локалните избори ветив борба и таа борба донесе победа. Ви ветувам борба и дека ова ќе биде голем историски триумф на народот против корумпираните политичари, рече Мицкоски.

„Состојбата е неподнослива во Македонија. Во овој момент Македонија е рекордер во Европа по криминал, најслаб раст на економијата и најнизок стандард со најголема стапка на инфлација. Можеби кризата е увезена но автентична е неспособноста на кадарот на СДСМ“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања