(ВИДЕО) Мицкоски: Гоце Делчев и јазикот се македонски

Од:

„Нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија, имавме контруктивна средба со господинот Борисов, разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“. И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија“, одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање за неговиот став за договорот со Бугарија.

„Истовремено на средбата стана збор и за онаа Резолуција којашто се однесува на негирање на посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев и тоа не е добро и тоа не можам да го подржам и никогаш нема да го подржам, македонскиот јазик е кодофициран и меѓународно признат 1977 година, тука немаме дилеми ниту пак јас, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Така што она што е добро коешто ги поврзува македонските граѓани и граѓаните на Бугарија го подржуваме, она што е спротивно на интересите на македонските граѓани, Македонија ние не можеме да го подржиме, како што е прашањето поврзано со македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев итн.

Но, забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме“, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава