(ВИДЕО) Мицкоски: Доколку се суди согласно правото, Законот за јазиците треба да биде отстранет

Од:

„Би сакал да му го честитам успешното фаќање на крстот на најсреќниот помеѓу православните верници кои што денеска во водите на Охридското езеро се разбира се дадоа во потрага по крстот. Да му посакам нему здравје, среќа, успех и на неговото семејство се разбира.

И како што кажав оваа година и сите оние порази, понижувања и омаловажувања што ни се случуваа во минатото да исчезнат и да бидеме пообединети, посплотени, да како луѓе се почитуваме и се погласно да ги кажуваме нашите мислења затоа што само со една јасна критика ние политичарите но и целата држава може да се стреми кон поголеми успеси и подобра иднина за сите граѓани во Република Македонија“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас го кажав тоа и во една изјава, но еве и ја користам оваа прилика да го повторам, во целокупната процедура има многу недостатоци. Има многу дивјаштво, многу насилство, и сето она кое што се случуваше навистина не прилега на една демократска земја која што се стреми, планира да биде утре дел од европското семејство. Она што ние како политичка партија го кажавме ние тоа и го реализиравме во текот на вчерашниот ден. Поднесовме кривични пријави против луѓето кои што се соучесници во ова злодело и насилство врз основа на Уставот и законите, и парламентарните процедури.

За жал, ете се случи да предвреме господинот Кекеновски да поднесе практично претставка во Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот за јазиците. Доколку се суди согласно правото во оваа држава овој закон треба да биде отстранет. Повторно ја користам оваа прилика да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ не е против примената на јазиците на етничките заедници во Република Македонија но тоа мора да биде направено согласно Уставот, законите и во една процедура во која што ќе бидат Уставот и законите испочитувани.

Играње на ниски страсти пред претседателски избори, играње на начин на кој што ќе се тргува со гласовите на втората најголема етничка заедница во Република Македонија, а тоа го прави првата помеѓу албанските гласачи, политичка партија СДСМ и втората во случајот ДУИ е навистина неприфатливо.

И ние како политичка партија апелираме дека ова не може да се толерира и во име на тоа ги повикуваме и Уставните судии, Обвинителството и судството да постапат според законите и Уставот во оваа држава.

А, они знаат ако постапат според законите и Уставот како треба да донесат одлука. Да се воздржат од било какви политички притисоци од политичките елити во државата и да им оставиме на луѓето да си донесат одлука онаква како што треба да е донесе согласно правото, Уставот и законите“, одговори Мицкоски на новинарското прашање за претставката до Уставен суд за Законот за јазик од Кекеновски, и дали останува поддршката за иницијативата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски