(ВИДЕО) Мицкоски: Договорени сте, душата ми се пара додека гледам како се правдате

Од:

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинува дека токму премиерот Зоран Заев е виновен за бегството на Сашо Мијалков.

„Дадовме 24 часа, вашата криминална истрага да даде резултат, ама договорено ви е, и вчера душата ми се параше додека ве гледав како се препелкате пред тв екраните. Оливер Спасовски ни денеска не најде храброст да се појави“, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш побара свикување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори оваа есен.

„Правда во Македонија нема, затоа што си имаме работа со мафија. Кој одговараше за криминал досега, е вистинското прашање, а одговорот е никој! Ова е срамота и на ништо не личи. Државата ја приватизираа Зоран Заев и пријателите. Зоран, Вице и Сашо соединети се со магнет, а магнетот се парите и желбата за власт, моќта да контролираат се, а притоа да не одговараат. Дозволија да им избега пред очи, затоа што така се договорија“, рече Мицкоски.

Тој вели дека најдобар пријател на Зоран Заев станале таканаречените „Иницијатори“ кој бараат негова смена од лидерското место на ВМРО ДПМНЕ.

„На овие арамии им доаѓа крајот. Ќе победиме заедно со народот“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски