(ВИДЕО) Мицкоски: Човекот кој што беше осуден за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија

Од:

Во март месец предупредувавме дека меморандумот кој што беше донесен во Бугарскиот парламент ќе биде составен дел од преговарачката рамка. Но, за жал и тогаш од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Зоран Заев бевме убедувани дека тоа не е вистина, дека тоа се лажни вести. Ќе продолжам, оваа година јас лично предупредив дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и соседна Бугарија, од нашиот министер е побаран нов договор, или Анекс кон договорот или некој документ кој што ќе има нова правосилна рамка и ново правосилно значење. Исто така бев брутално навредуван од страна на Зоран Заев и од Бујар Османи и на Никола Димитров дека тоа се лажни вести, дека тоа не е вистина итн. Но, излезе дека сето тоа било точно и дека сме биле во право – рече вечерва на протестот во Куманово, идерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Овој пат сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда, а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед“ – порача Мицкоски од куманово кој е еден од 15-те града во кои денеска партијата организираше протести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски