(ВИДЕО) Мицкоски: Без млади немаме иднина, состојбата во образованието е очајна

Од:

Денес за многумина од вас е посебен ден, бидејќи вашите деца го имаат првиот училишен ден. Тоа значи посебна радост и среќа за секој родител, но и надеж дека низ турбулентниот пат наречен живот секое дете ќе има успех, но и шанса обезбедена од државата, потпирајќи се на своите способности, да направи нешто повеќе и да ги оствари своите соништа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото видео-обраќање.

Видео обраќање

Учебниците доцнат, образованието крахира, имаме демографска катастрофа, децата и младите се нашата најголема вредност и тие заслужуваат подобро.

Posted by Hristijan Mickoski on Понеделник, 03 септември 2018

– Но каква е реалноста? Македонија денес се соочува со демографска катастрофа, во вториот квартал во 2018-та година, имаме пад за 6.3 проценти на бројот на новородени деца, тоа за 6 години ќе значи и дополнително намалување на бројот на ученици, паралелки кои ќе се затворат, населени места кои забрзано замираат. За година и половина нема ниту една единствена мерка на Владата која ќе биде во насока на зголемување на наталитетот, додека најважниот фактор, економијата пропаѓа со најнизок раст во Европа кој се движи околу нула. Бројот на новородени се намалува додека бројот на млади кои си заминуваат од државата секојдневно се зголемува. За 2 проценти е намален и бројот на запишани студенти. На Македонија и се одзема иднината, а Владата не превзема ништо. Поради тоа имаме кратење на паралелките, дури се соочуваме и со затворање на цели училишта, рече Мицкоски.

Според него, состојбата во образованието и училиштата е очајна.

– Имаме училишта кои прокиснуваат, влагата е честа појава, додека бесплатните учебници доцнат. Но затоа, затоа пак додека образованието за родителите е мака, за власта тоа е шанса за профит. Скандалите не престануваат. Милионскиот бизнис од 5.3 милиони евра за набавка на учебници се побрза да се додели на две фирми, во 4 очи, без тендер, а фирмите се знае… тие според неформалните информации важат за блиски до власта. Високото образование девастира. Нема ниту еден универзитет на Шангајската листа за квалитет додека земјите во регионот имаат по неколку. Наставниот кадар во училиштата е демотивиран. Покачувањето на платите за наставниците што го направија од владата е понижувачко и е далеку од првично ветените 500-тини евра просечна плата. Освен тоа што се прениски, тие и доцнат. Тие мора да се зголемат до 50 проценти од она што се сега за да имаме наставен кадар кој е мотивиран, мора да се обезбедат 500-тини загарантирани вработувања за најдобрите дипломирани студенти за да тие останат во државата, мора да се препороди образованието за да одиме напред и ние, ние тоа ќе го направиме, рече Мицкоски.

Според него, може да ја имаме и најсилната економија, може да ги имаме и најсилните инвестиции, но ако немаме млади немаме иднина.

– Како човек кој доаѓа од високото образование и целата своја наобразба ја посветил на науката ќе посочам дека инвестирањето во образованието значи инвестирање во иднината на нашата земја, а младите, младите и децата се нашата најголема вредност и затоа ќе го имаат моето најголемо внимание. Зошто само така Македонија ќе победи, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст