(ВИДЕО) Мицевски: Телевизиските вести се претворени во политички маркетинг на власта и на Никола Груевски

Од:

Телевизиските вести се претворени во политички маркетинг на власта и на Никола Груевски, во вестите се презентира само позитивна слика за власта, активностите на Груевски се презентираат како тој се уште да е премиер и со ова можеме да заклучиме дека новинарството ја нема фукнцијата на чувар на јавниот интерес, рече Игор Мицевски, истражувач од Институтот за комуникациски студии, додавајќи дека постои зголемен број прилози за опозицијата, но и голем обем на пристрасни и демонизирани информации за неа.

-Ако ги проследиме истражувањата кои што ги правевме сите овие месеци можевме да видиме дека опозицијата практично нема никаков пристап во провладините медиуми. Тоа се смени во текот на известувањето меѓутоа се смени во квантитативна смисла на зборот но е и во квалитативна смисла, рече Мицевски.

Тој истакна дека со ова можеме да утврдиме дека и покрај тоа што во провладините медиуми е присутна квантитативно опозицијата сепак таа е врамена на демонизирачки начин односно таа се уште се демонизира на истиот начин како што се правеше пред месец и половина.

-Ова создава лажна слика за постоење на политички плурализам во вестите што е еден од нашиот главен фокус, вели Мицевски
Според Институтот за комуникациски студии постои оркестриран медиумски напад врз неистомислениците, идентичните прилози кај провладините медиуми сугерира координирано објавување со цел да се напатат и дискредитираат политички субјекти институции и поединци.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски