(ВИДЕО) Мицевски: Сметките за вода и комунални услуги ќе ги намалиме за 15%

Од:

„Уште во првите 100 дена од новата Влада, покажавме дека она што ќе го ветиме пред граѓаните, го исполнуваме.
Ветивме дека ќе ги враќаме парите назад кон граѓаните.

Ја укинавме радиодифузната такса, минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари, го донесовме “Законот за стечајни работници”, ја воведовме ефтината тарифа на електрична енергија за домаќинствата и се изедначија условите за инвестирање на странските со домашните компании.

Обезбедуваме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.
Сметките за вода и комунални услуги ќе ги намалиме за 15% во првите 100 дена од мојот мандат.

Ќе формираме инкубатори за бизнис идеи, за да го поттикнеме претприемаштвото. Ќе работиме на социјалниот и професионален развој на младите за да добиеме способни млади луѓе, креатори на идниот локален економски развој.

Ја вклучивме бизнис заедницата во креирање на приоритетите на општината. Ги здружуваме бизнисите, општината и граѓаните, со единствена цел – нови и подобро платени работни места.

Посветената и одговорна работа ги носи парите директно назад кај граѓаните.

Убедени сме дека нашиот план носи живот за сите граѓани. Затоа ја бараме вашата поддршка, за европска и силна општина“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС