(ВИДЕО) Мицевски: Процедурата низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна

Од:

„Законот за двојазичност кој беше неуставно и незаконски потпишан од страна на Талат Џафери и објавен во службен весник е на штета на Република Македонија и кохезијата во општеството.

Членовите од 1 до 14, како и членовите 16, 17, 22, 23 и 24 се во спротивност со Амандманот V од Уставот на Република Македонија, додека членовите 8, 9, 51, 52, 54 и 108 се во спротивност на Амандманот VIII од Уставот на Република Македонија, тоа беше нотирано од страна на претседателот на државата, но и од други еминентни правници“, рече Никола Мицевски, Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Подобра Македонија.

„Целата процедура низ која власта го туркаше законот за двојазичност е нелегитимна. Власта го злоупотреби европското знаменце и под превезот на реформски закон од значење за нашиот влез во Унијата донесе неуставен закон, кој во општеството ќе креира правен хаос и конфузија.

Законот за двојазичност е донесен без поширок политички и општествен дијалог. Спротивно на препораките на правната фела и општата јавност власта го истурка законот за двојазичност кој ќе креира целосен паралелизам во сите државни институции, како на централно, така и на локално ниво. Овој закон ќе ги блокира институциите, кои наместо да си работат работата ќе треба да преведуваат и одржуваат двојни архиви, што ќе ја чини државата и граѓаните, време, место, човечки ресурси и пари.

Владата која ветуваше живот за сите потроши две години за антидржавни дејанија кои не им носат подобар живот на граѓаните, не носат повеќе пари за живот, ниту подобар стандард во целост. Наместо подобри услови за живот граѓаните добија нови поделби и понижувања.

Овој закон е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

ВМРО – ДПМНЕ ги повикува сите институции на централно и локално ниво да го игнорираат и бојкотираат операционализирањето на овој неуставен и штетен закон. Доколку одговорните во институциите се соочат со какви било проблеми или закани, ВМРО – ДПМНЕ и правната комисија им стојат на располагање за правна или било каква друга помош.

СДСМ нема повеќе легитимитет да ја води Република Македонија, со СДСМ на власт државата и граѓаните само губат. СДСМ мора да си замине. Токму затоа потребни се итни и неодложни вонредни парламентарни избори заедно со претседателските во април. Време е господа од СДСМ да се охрабрите и да излезете очи во очи со народот“, изјави Никола Мицевски, Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС