(ВИДЕО) Мицевски: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 2.5 милијарди денари годишно за спортот

Од:

„Во наредниот четиригодишен период се обврзуваме да го развиеме спортот до степен да сите граѓани ги почувствуваат позитивните ефекти од него. Како одговорна партија за здравјето и социјалниот живот на граѓаните, за унапредување на спортот и неговото зајакнување се обврзуваме да ја реализираме мерката спортски денар.

Истата предвидува одвојување на еден денар за спортот од акцизата за нафтени деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развојот на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот односно од трите денари акциза за нафтени деривати кои ги наметна оваа репресивна власт, еден денар т.е 800 милиони денари ќе бидат наменете за спортот или вкупно 2,5 милијарди денари годишно ќе бидат наменети за овие три области. Меѓутоа нема да застанеме овде“, рече Никола Мицевски, Кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектот Обнова се обврзува и за комплетно нов закон за спорт со кој што ќе се задржат позитивните мерки, а истовремено ќе се следат и имплементираат актуелните спортски трендови во развојот на спортот и неговото унапредување. Истовремено и зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. Воспоставување на современа спортска медицина, воведување на високи стандарди во здравствената заштита и медицинските прегледи од областа на спортот, изградба на национален центар за спорт, спортски комплекс за летни и зимски подготовки на спортистите, одржување на турнири и младински првенства во различни спортови како и нови сместувачки капацитети за учениците и студентите од областа на спортот. Ова се клучните стратешки определби кои што ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира во наредниот период. Затоа гласот за број 14 е глас за обновена Македонија“, изјави Никола Мицевски, Кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски