(ВИДЕО) Мицевски: Носиме промени кои ќе значат просперитет и благосостојба за сите граѓани

Од:

„Влегуваме во последната недела од кампањата. Пред нас се историски важни избори од кои зависи иднината на Крива Паланка и нејзините граѓани.

Вчерашниот историски митинг во Скопје, покажа дека граѓаните бараат промени и на локално ниво.

Гласот во недела е исклучително важен бидејки на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат просперитет и благосостојба за сите граѓани. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да ги задржиме и вратиме младите тука со нас и да обезбедиме вработувања и пристојни плати за сите.

Само од вас и од никој друг зависи во каква општина сакате да живеете. Да им ставиме крај на локалните шерифи и осомничени криминалци алчни по пари. Да ставиме крај на ароганцијата и самобендисаноста. Да се избориме за нова чесна и одговорна локална власт која ќе работи во интерес на секој наш граѓанин.

Ве повикувам во недела на 15 октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за концептот за живот во Крива Паланка за сите!“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски