„Крива Паланка денес е град без перспектива во кој младите веќе одамна не ја гледаат својата иднина и бараат најразличен начин да го напуштат своето родно место во потрага по егзистенција.
За нас, младите се столбот и иднината на нашето општество, креатори на идниот локален развој. Нив мора да ги задржиме да останат и работат тука. Тука да формираат семејства, тука да ја гледаат својата иднина.
Владата предводена од СДСМ започна процес со кој младите ќе бидат доволно мотивирани да останат во државата.
Ќе работиме на личниот и професионален развој на младите преку семинари, работилници, пракси со цел од нив да креираме способни кадри со знаење и искуство.
Ќе изработиме шест младински политики за развој. Ќе работиме и на јакнење на свеста и знаењето за претприемништвото.
Формираме и младински икубатори за бизнис идеи, организраме и саеми за вработување.
Социјалниот живот на младите е клучен за нивниот развој како единка и придонесува во градењето на младиот човек како личност . Предвидено е формирање на младински културен центар кој ќе биде препуштен на невладините организации кои потпомогнати од општината ќе организираат настани од различен карактер, од културни до спортски .
Покрај ова, предвидуваме и младинска канцеларија која ќе работи на младинскиот развој, младинско радио, субвенции за најдобрите ученици, отворен мал амфитеатар.
Ја бараме поддршката и од младите и од повозрасните за да покажеме дека и во нашата општина може да се живее убаво“, изјави Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ.