(ВИДЕО) Мицевски: Институциите треба да бидат сервис на граѓаните, а не обратно

Од:

Борјанчо Мицевски, кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата денеска изјави дека секој граѓанин без разлика на својата верска, етничка, национална, политичка или било каква припадност треба да има право и можност навремено и квалитетно да си ја заврши својата работа во институцијата, која впрочем и ја плаќа.

– Силно верувам и ќе се залагам институциите да бидат сервис на граѓаните, а не обратно. Со промените кои се случија после парламентарните избори од 11. Декември го започнавме процесот на промоција на концептот на отворена и услужна општина за сите, општина која нуди навремени, квалитетни и ефтини услуги, бидејки граѓаните тоа и го заслужуваат. Го продолживме работното време на институциите за да можете навремено и без притисок да си го завршите она што ви е неопходно. Ги олеснуваме и процедурите за добивање на најразлични документи и одобренија што ви се потребни, рече Мицевски.

Тој додаде дека после 15. октомври веќе нема да бидат потребни познаници или врски за да се заврши работа.

– Ќе воведеме ИСО стандарди за професионализаија на општинската администрација, стандарди кои ќе осигураат квалитет на обострано задоволство, и на граѓаните и на административците. Нашето мото е задоволен работник – зголемена продуктивност. Ќе воведеме систем на мотивација за вработените за дополнително да се зголеми квалитетот на услугата. Едношалтерскот систем ќе функционира онака како што му е и намената. Ќе отвориме канцеларија „Мој адинистратор” која ќе нуди информации за административните процедури и ќе помага во пополнување на документите за граѓаните да можат без проблем да ги завршат своите потреби. Ќе го регулираме статусот и ќе ја зајакнеме и улогата на месната заедница за полесно да ги пренесете вашите идеи и проблеми за кои ние ќе бараме решение, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања