(ВИДЕО) Мицевски: Дали преку новата програма за полагање на правосуден испит Дескоска си овозможува нови финансиска бенефиции за нејзиното семејство

Од:

„Нов непотистички скандал ја тресе македонската јавност, скандал во кој повторно во главната улога се наоѓа висок државен функционер од редовите на СДСМ.

Откако пред само неколку дена се само кандидираше за член на Венецијанската комисија, министерката за правда Дескоска се појавува во нов скандал.

Имено министерката за правда Рената Тренеска Дескоска со измените во програмата за полагање на правосуден испит, програма која излезе на 17.01.2020 во Службен весник, програма која ја донесе лично Дескоска, воведува нов критериум за идните правници, а тоа е поседување на книгите на нејзиниот сопруг, Тони Дескоски“, рече Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерката за правда Тренеска Дескoска како нов критериум за полагање на правосуден испит во програмата која ја сама ја донесе на почетокот на оваа година воведува предмет кој го предава лично нејзиниот сопруг, Тони Дескоски, поточно се работи за предметот меѓународно приватно право.

Се поставува прашањето каква корист ќе има Дескоска од оваа измена? Колку илјадници евра фамилијата Дескоски ќе заработи од новата програма за полагање на правосуден испит.

По кои критериуми е одбрана, токму литературата на нејзиниот сопруг, за полагањата на Правосуден испит?

Откако две години како е министер за правда прави се за да го заштити криминалот на власт која ја предводеше аболицираниот Заев сега и самата таа е вмешана во деанија кои претставуваат школски пример за непотизам.

Ја повикуваме Атникорупциската комисија да отвори постапка за овој случај, и да каже дали во овој случај има конфликт на интереси“, изјави Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава