(ВИДЕО) Меџити: Ако може цела зоолошка, зошто не и еден двоглав орел?

Од:

Ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај, вели градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Прво, не може да биде двоглавиот орел како претекст за тоа што е преземено во Бутел и преку ноќ донесената таква одлука, бидејќи овој симбол не е донесен за инает кон другите, туку за вреднување на симболот на Албанците и се базира на одлука донесена од програмата во 2012, а како посебна одлука во 2015 година, почитувајќи го принципот на Бадентер. Второ, ако може во Скопје да има и лавови и бикови, можеби целата зоолошка градина, зошто да не и двоглавиот орел кој е од овој крај. Не може да се поставува таква паралела и квантитативно ако се гледа, бидејќи се поставени стотина споменици од другата страна, каде реално еден Македонец и не ги познава повеќето од нив кои се и што се. А во Чаир во овие десет години ги поставивме Скендер-бег, Хасан Приштина и двоглавиот орел. Ни квалитативно, ни квантитативно не може да се воспостави таква паралела или да биде претекст за поставување крст“, вели Меџити во интервју за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче