ВИДЕО: Медиумската фела бара Кежаровски да се брани од слобода

Од:

Медиумската заедница е запрепастена од одлуката за продолжување на притворот на новинарот Кежаровски и ќе бараат од судот да му дозволи да се брани од слобода. Фелата ќе побара и средба со Народниот правобранител, од кого ќе побара ангажирање да провери во каква состојба се наоѓа новинарот.

Главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија“ Зоран Димитровски објаснува дека Кежаровски е во многу тешка психичка состојба и не може да се помири со фактот дека како невин поради напишан текст, лежи во протвор и честопати помислува на најлошото.

– Ние баравме да му се овозможи на Кежаровски да се брани од притвор, но не успеавме во тоа. Стравотно е да се знае дека може да се остане во притвор дури 2 години според македонските закони. Ваквото насилие врз Кежаровски, не само што говори за еден вид психичка тортура, туку во прашање е и неговото здравје како и егзистенцијата на неговото семејство – изјави Димитровски.

На проблемот дека притвор на новинар кој го брани јавниот интерес, не може да се протолкува освен како груба демонстрација и сила и ароганција, се надоврза и претседателката на Независниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис. Таа вели дека притворот на Кежаровски претставува заплашување на сите новинари.

– Ова е директна закана за сите новинари кои интересот на јавноста го ставаат над сопствениот комфорт. Апелираме барањето од адвокатот на Кежаровски да биде разгледано и прифатено – изјави Чаусидис.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, објснува дека Кежаровски нема никакви индиции дека некогаш се обидел да ја напушти Македонија. Како што потенцира Селмни, Кежаровски има семејство во Македонија, а од друга страна нема формирано никакви врски со странство, ниту пак има имот за да може да пребегне таму. Како што напомена Селмани, за Европскиот суд за човекови права не е издржано ниту објаснувањето дека обвинетиот ќе влијае на сведоците кога најголем дек од сведоците се испрашани. Исто така, според пресуда на ЕСЧП не постои опасност ниту други обвинети на влијаат на Кежаровски. Судот во Стрзбур ја оправдува мерката притвор единствено ако се нарушени други права, како што се говор на омраза или поттикнување на насилство.

Новинарката Јадранка Костова, пак, реагира дека целата кривична постапка немаше да изгуби ништо, доколку Кежаровски се бранел од слобод, но вака ќе изгуби Македонија.

– Сум ги следела и анализирала сите притвори до сега. Експертската јавност секогаш имаше критички пристап до сега. Во сите овие години немало пример на притворен осомничен да предизвика толку многу реакции од меѓународни новинарски асоцијации. Притворот е само мерка за обезбедување на присуство на осомничениот во текот на судскиот процес. Возможно е и прекинување ваквата одлука и пуштање во домашен притвор, но се одбра најдраконската мерка – посочи Костова.

Билјана Петковска, директорката на МИМ оценува дека случајот на Кежаровски има негативно влијание врз целокупната состојба со новинарството во Македонија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ