(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Од:

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната собраниска седница најави поддршка од пратеничката група за предложеното продолжување на кризната состојба за снабдувањето со нафта, нагласувајќи дека интервенцијата е неопходна за заштита на граѓаните во услови на неизвесна геополитичка и енергетска состојба. Сепак, тој ја критикуваше Владата дека континуирано реагира без стратегија, предупредувајќи дека државата не извлекува поуки од претходните кризи и повторно се соочува со истите проблеми.

Мециновиќ посочи на контрадикторноста во владините изјави, потенцирајќи дека додека со недели се уверува јавноста дека ситуацијата е стабилна, истовремено се продолжува кризна состојба. Тој укажа и на отсуството на јасна политика и навремено делување, при што институциите реагираат дури откако состојбата ќе се влоши и владините функционери тоа експлицитно го нагласуваат, наместо по примерот на други држави – да реагираат пред ситуацијата да ескалира.

Во своето излагање, тој истакна дека најголемиот товар од енергетската криза го носат граѓаните, додека комерцијалните снабдувачи профитираат. Како што потенцираше, цената на горивата се формира на начин што ги штити профитните маржи, преку комбинација од акцизи, ДДВ и увозни трошоци, што резултира со високи цени кои директно го погодуваат животниот стандард.

Дополнително, Мециновиќ потсети дека државата со години ги намалува сопствените капацитети преку приватизации, што денес ја прави неспособна да интервенира ефикасно во кризни ситуации. Како пример ја посочи продажбата на рафинеријата, оценувајќи дека ваквите одлуки имаат долгорочни последици врз цените на горивата и економската стабилност.

Тој укажа и на, како што рече, картелско однесување во енергетскиот сектор, истакнувајќи дека државата нема капацитет да се спротивстави на ваквите структури. Според него, кризите наместо да бидат закана за компаниите, се претвораат во можност за дополнителен профит, додека граѓаните остануваат незаштитени:

„Во 2022 година, кога се соочивме со енергетската криза, особено, во поглед на електричната енергија, државите од континентот, вклучувајќи ја Франција, почнаа да ја враќаат државната сопственост во клучните енергетски капацитети. Франција, нивниот „Тотал Енержи” е сега во доминантна државна сопственост. Зошто можат сите да бидат попаметни од нас? Па, јас мислам дека не е нужно да се попаметни од нас, туку едноставно приватниот интерес на некои поединци, кои влијаат на вашите партии, е побитен од добросостојбата на граѓаните” наведе пратеникот од Левица.

На крајот, Мециновиќ порача дека поддршката на оваа мерка е исклучиво во интерес на граѓаните, но апелираше Владата уште од утре да заземе друг правец и да започне со системски реформи и зајакнување на државните механизми, со цел идните кризи да не се решаваат ад хок, туку со јасна стратегија и долгорочна визија.

Би можело да ве интересира

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“