(ВИДЕО) Мециновиќ: Домувањето не смее да биде бизнис ниту луксуз

Од:

Правото на домување е основно човеково право во оваа историска фаза и на човековиот развој и државата воопшто. Државата најмногу што може да направи е да ги олесни условите за обезбедување на домување и сѐ што следи околу тоа. Овој закон го поднесуваме од две причини. Прво заради студентите и нивниот проблем со домување. Бројот на студентски легла е преполовен. Ако порано изнесувал 4000 сега е 2000 легла. Академската година е веќе почната, а студентите што не се примени во студентските домови се оставени на милост и немилост и мора да изнајмуваат станови. Покрај студентите станови изнајмуваат самохрани родители, граѓани од внатрешноста така што голем број граѓани се соочуваат со овој проблем, изјави Амар Мециновиќ, пратеник на Левица.

– Втората причина е социолошка. Јас како млад пратеник сакам да ви посочам дека домувањето е демографски проблем. Домувањето е една од најглавните причини за иселувањето. Уште пострашно е што младите не се кредитоспособни, работниот однос им се заснова на договори на определено време и банките не им издаваат кредити така што мора да изнајмуваат станови.

Становите за изнајмување се тесно врзани со градежната индустрија, а градежната индустрија е дива и нерегилирана индустрија. Со овој Закон за домување законодавецот има предвидено минимална граница за издавање на стан за која равенката вели една дванаесетина од 2% од вредноста на станот на годишно ниво.
Што значи тоа? Дека ако станот чини 100 000 евра годишно би било 2000 евра на 12 месеци поделено би било 166 евра што е минималната граница. Законодавецот не предвидува горна граница. Ние со овој закон бараме горна граница која ќе биде во вредност од 3% од вредноста на станот. Тоа значи дека за истиот стан минималната граница би била 166 евра, а горната граница 250 евра.

Во Македонија постои картелско шпекулативнмо однесување со становите. Не смееме да дозволиме домувањето да биде повик за бизнис ниту луксуз. Ние сметаме дека владата нешто прави во оваа насока но, како опозиција сме скептични за крајните резултати. Не можеме да знаеме до кога ќе ги реновирате домовите. До тогаш студентите ќе плаќаат пари. Затоа и законот е предложен. Ќе дивеат инвеститорите сѐ додека владата не изгради 10.000 станови и да ги пушти под пазарна вредност. Ќе видите колку убаво ќе си ги спуштат цените на конкурентна цена – рече Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он