(ВИДЕО) МЦЕО: Препораката за почеток на преговори е на стаклени нозе

Од:

Во најновиот извештај на ЕУ за напредокот на Македонија, Владата е посочена како главен фактор, односно виновник за сериозните проблеми со исполнувањето на политичкиот критериум за членство во ЕУ. Имено, Европската комисија тврди дека „неуспехот на Владата да испорача резултати во бројни клучни области, ги оштетил реформите со видливи назадувања“. Комисијата директно го вперува прстот во Владата како најодговорна за застојот во реформите.

Најострата оцена утврдува дека во последната година има сериозна загриженост за политизацијата на институциите и владината контрола врз медиумите. Заради тоа довербата во институциите е нарушена. Расте загриженоста за селективната правда, а слободата на медиумите и понатаму се влошува – ова е дел од анализата на Извештајот за напредокот на Македонија, која ја подготвија Фондацијата Отворено општество Македонија и Македонскиот центар за европско образование.

-Според нас ова е нјакритичниот извештај што ЕК го упатила кон Македонија во последните шест години, откако ја имаме препораката за почеток на преговори. Нашето истражување покажува дека оваа година во прв план се политичките критериуми, односно најкритичниот дел од извештајот се однесува на оние прашања кои што го покриваат политичкиот критериум и поглавјето 23 судство и темелни права, а тоа се прашањата на слободите на медиумите, влијанието на владата врз медиумите, но исто така и политизација на институциите, тоа е една забелешка која што прв пат оваа година доаѓа во прв план. Политизација на институциите како резултат на што се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Карактеристично е и тоа што забелешките, оваа година, се изнесени многу експлицитно, практично тоа значи дека од Владата се бара итно да ги реши проблемите со слободата на медиумите, независност на судството, со политичката криза, за да може да очекува препорака и идната година, вели Бојан Маричиќ од МЦЕО.

Утрово, невладините организации и граѓански здруженија имале средба со евроамбасадорот Орав кој ги упатил подетално да го прочитаат Извештајот за да сфатат дека самото даваење на препораката не е доволно.

Препораката за почеток на преговорите е на стаклени нозе и Европската комисија апелира до властите да преземат одлучна акција за решавање на зголемената политизација на институциите, недостатоците во врска со независноста на судството и слободата на медиумите, доколку државата сака оваа препорака да биде одржана во следните години.

Според оваа детална анализа на МЦЕО, најголеми критики и годинава има во секторите кои се дел од политичкиот критериум и поглавјето 23 (судство и темелни права) и тоа: загрозена независност на судството, неселективно делење на правдата, политизација (партизација) на инстуциите, слаба борба против корупцијата, загрозена слобода на медиумите и политичка нестабилност. Годинава, уште пожестокоЕвропската комисија ги критикува и економските перформанси на државата, особено воп делот на растечкиот јавен долг.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески