ВИДЕО: Масовен одзив во Скопје за помош на Србија и БиХ

Од:

Колони граѓани уште на пладне на градскиот плоштад во Скопје почнаа да пристигнуваат со пакети флаширана вода, конзервирана храна, облека, пелени, бебешка храна и облека, прибор за лична хигиена, душеци, па дури и кревети.

За еден час веќе беа натоварени неколку комбиња и еден камион.

-Донесов постелнина, ќебиња, се е ново и неупотребено, изјави жител на Скопје.

Толку сум потресена за Србија и Бих, но одушевена сум од големото срце на македонскиот народ и голема душа. Ми се јавија и поензионерите од МВР, ми се понудија и да тргнат ако треба кон Србија. Младите луѓе ме одушевија, кои три дена се на социјалните мрежи, рече Бранка Костовски.

Тука сум како граѓанин зашто чувствувам дека треба да помогнам. Да не заборавиме дека Скопје беше изградено благодарение на солидарноста, а утре општина Центар на вонредна седница ќе одвои помош за Србија и БиХ.

Веројатно нема да биде толку голема како што е потребна, зашто треба таму голема помош, но сакаме да дадеме пример на сите општини и институции, сите треба да дадат помош, рече Андреј Жерновски, градоначалник на општина Центар.

Не изостана и помошта за домашните миленици, за кои се носеше храна на посебен пункт.

На неколку пунктови се собираат храна за животни, храна за миленици, кои многу настрадаа, изјави активист за заштита на животните.


Акцијата на плоштадот трае до вечерва, а секој што сака да донира од утре треба да се однесе во дирекцијата во Момин поток. Помошта за Србија и БиХ се упати веднаш кон тие на кои им е во момементов најпотребна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски