(ВИДЕО) Мартиновски: Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш

Од:

„Повеќе дупки по улиците на општина Бутел до сега немало никогаш, но денеска ќе го истакнеме најгорливиот проблем за граѓаните.

Бутелска, главната улица во општина Бутел, четири месеци е раскопана, целата е со дупки и по неа не може да се вози. Бутелчани се револтирани, секој ден ги кршат своите возила, а и секојдневно се соочуваат и со метеж бидејќи на двонасочната улица, возилата се движат само по една коловозна лента , бидејќи возачите ја избегнуваат раскопаната по која има огромни кратери“, рече Тони Мартиновски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Бутел.

„Жителите на населбите Бутел и Радишани постојано ни се жалат и велат дека секој ден мораат да вртат низ споредни улички за да излезат на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош бидејќи од дупките на главната улица претрпуваат огромни штети на семејниот буџет, за поправка на своите возила.

Град Скопје во октомври минатата година ја раскопа едната страна на улица Бутелска за поставување нова цевка за атмосферска канализација. Оттогаш улицата нема асфалт, а до пред неколку дена не беше поставен ни тампон слој.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов се правда, моли за разбирање на граѓаните, но не кажува зошто повеќе од четири месеци не нашле решение да се оспособи улицата за сообраќај.

Според членот 22 од Законот за локалната самоуправа граѓаните имаат право на надомест доколку возилата им се оштетени заради раскопаните улици.

Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ во општина Бутел бараме од општината лично да се заангажира и да побара од градот Скопје час поскоро да се реши овој горлив проблем на граѓаните, револтот од ден на ден се повеќе расте и трпението се намалува особено затоа што за оваа ситуација немаат слух ниту градот ниту општината“, изјави Тони Мартиновски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат кражбите на бронзени бисти од гробиштата Бутел

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија