(ВИДЕО) Марин: Надлежните органи да го истражат случајот со рекламната кампања на Коневски

Од:

Коневски 10 дена не одговара на поставените прашања и сè уште тврди дека неговата реклама е бесплатно изработена и емитувана на три телевизии. Внимавајте, Коневски тврди дека бесплатно се емитувани на телевизија 8 часа рекламни спотови или неверојатни 349 емитувања, изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

„Законот за медиумите јасно дефинира дека со бесплатно емитување се означуваат соопштенија или кампањи од јавен интерес и апели за добротворни цели. Во Законот за медиумите јасно пишува дека: субјектот, во овој случај Општина Аеродром, е должен да побара мислење од Агенцијата за медиуми, која треба да одобри дали дадената кампања е од јавен интерес или не. Дури потоа медиумите смеат бесплатно да ја емитуваат. Го прашуваме Коневски: Дали Општината Аеродром побарала дозвола и мислење од Агенцијата за емитување на оваа кампања, како што налага законот?“, рече Марин.

Тој ја прашува и Агенцијата за медиуми дали таа ја одобрила оваа кампања како кампања од јавен интерес?

„Според нашите сознанија, ниту Општината побарала мислења ниту, пак, Агенцијата дала. Ако е така, ова е безобразно кршење на уште еден закон. Се отвора сомнеж за криминал од големи размери ако се земат предвид скапите минути за рекламирање на телевизиите“, рече Марин.

Според него, постои сомнеж за корупција, односно размена на услуги со фирма која поволно го користи Воениот базен на сметка на бесплатно изработените скапи спотови.

Тој ги повика надлежните органи да го истражат овој случај, а медиумите будно да го следат развојот на настаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага