(ВИДЕО) Марин: Конески да не бега од граѓаните, да преземе мерки за отровниот воздух!

Од:

„Недозволиво за еден градоначалник и една локална власт е да го загрозат здравјето на своите сограѓани. Тоа го направија Ивица Конески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општината Аеродром со тендер политиките што се одразија со огромна загаденост на воздухот во општината.

Граѓаните на Аеродром дишат отровен воздух. Со месеци и навечер и наутро концентрациите на опасните ПМ10 честички се и до 20 пати над дозволените граници. Аеродром е меѓу најзагадените општини во Македонија и во Европа.

Конески и локалната власт не смеат да се кријат во овие денови на огромно загадување, кога граѓаните се загрижени за своето здравје и за нивните деца!

Бараме од Конески проблемот со големото загадување во Аеродром да го постави на централно ниво и да им каже на граѓаните дали и како ќе се справат со овој проблем што го предизвикаа.

Ивица Конески и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги исекоа сите паркови и зелени површини во Аеродром и за тендер интереси поставија непотребен бетон каде стигнаа. Дозволија да се градат згради една до друга со што ја нарушија природната циркулација на воздухот. Должни се да се справат со последиците!

Укажуваме дека криминалните власти од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно вршат убиство од небрежност врз граѓаните на Општина Аеродром и дека за последиците ќе има одговорност!

Несовесното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на Ивица Коневски, е казнето од граѓаните кои избраа промени. По промените на парламентарните избори ќе следуваат промени и на локалните избори, бидеки граѓаните сакаат живот и одговорни власти коишто ќе водат реални политики и ќе се грижат за нивните реални потреби“, изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродромот во Милано преименуван во чест на Берлускони – градоначалникот одби да присуствува на церемонијата

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ