(ВИДЕО) Марихуаната помага, дали треба да одиме во затвор за да се излечиме?

Од:

На крајот на минатата година Министерството за здравство бомбастично најави „легализација на марихуаната за медицинска употреба”. Кратко потоа, со предлог Закон за измени и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции предложи регулирање на медицинската употреба на канабис. Но, невладината ХОПС и луѓето што имаат медицински состојби сметаат дека на се работи на поголема достапност на канабисот и неговите деривати до оние на кои им е најмногу потребен.

Во образложението на законот кое го дава Собранието се објаснува за пациенти кои страдаат од болка дека оптималниот однос на ТХЦ и ЦВД треба да биде еден спрема еден.

– Јас имам четири извештаи за болка, сите четири се различни. Значи имам дијагноза – перестезија на кожата, миаодија, имам дијагноза невропатија и имам дископатија. Значи, јас се прашувам како ќе се одлучат докторите да препишат некому масло од канабис, кога не можат да се одлучат за една дијагноза и даваат четири различни дијагнози и три различни лекови. Зошто мора да користам тешки лекови, од кои што во упатството за еднит се наведува дека седум пати го зголемува ризикот од самоубиство. Другите се штетни за срцето и едниот е прескап, се набавува само приватно и чини над 1500 денари. И како што еден од пратениците во Собранието, пробувал да види дали е штетно, така и јас пробав за да видам дали ќе ми помогне и во мојот случај помага. Така, сега се прашувам дали да ризикувам затвор и целото мое семејство да страда, додека тие решат дека помага за болка. И бидејќи наведуваат дека истражувањата за влијанието на сативата за болка завршуваат во 2026 година, а јас сега има 31, се прашувам дали треба да чекам да наполнам 41 година, за да можам легално да го набавувам мојот лек, вели Давор Ангеловски.

Болните се револтирани што во изработката на законот не биле вклучени, затоа што тие директно се засегнати од него.

– Боледувам од Кронова болест, имаме здружение и воопшто не бевме контактирани во врска со легализацијата на марихуаната. Во светски рамки има докази дека помага во нашата состојба, ние би сакале да бидеме опфатени како група да можеме легално, нормално да ја користиме, јас имам пробано и помага и во мојот случај. Апелираме до Владата и до оние што го донесуваат законот да размислат и да не исконтактираат за да заедно донесеме правилен закон, за да можат повеќе групи да бидат опфатени за користење на придобивките од конопот, вели Мишел Симоновиќ

Би можело да ве интересира

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Петмина под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

ВИДЕО: Запленети 1053 стебла канабис, фирма од Гостивар садела без дозвола

Катерина Ѓуровски

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис

Катерина Ѓуровски

Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

А1он