(ВИДЕО) Маричиќ: Теророт од УЈП почна по прогласот на Груевски за десороизација

Од:

Извршниот директор на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Бојан Маричиќ смета дека притисокот со инспекциите кој постојано доаѓа уште од декември е не основан и е од политички карактер.

Тој вели дека финансиската полиција и МВР во неговата организација се појавиле ден по емисијата на телевизија Телма на која тој гостуваше каде имаше бурна дискусија.

– Налогот е од 7-ми март значи ден по таа емисија, заклучоците носете ги сами, премногу случајности има во овој период, вели Маричиќ.

Тој вели дека не очекува заштита од новата влада, туку стопирање на притисокот кој се врши преку институциите.

– Оваа постапка на инспекции, напади и притисок врз граѓанските организации беше најавена од една политичка партија преку нејзиниот проглас и најава на процесот на десороизација, изјави Маричиќ алудирајќи на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, овој процес понатаму е продолжен со т.н. иницијативи и со секојдневно нелегално протекување на информации кои што не се од јавен карактер, односно лични податоци на многумина и има некакво институционално продолжение со овие инспекции за коишто не се знае зошто се случуваат и што бараат.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

Околу 10 000 граѓани треба да го пријават доходот остварен во странство

Катерина Ѓуровски

Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Масовно неиздавање фискални сметки, плати во „плик“, скриен промет – УЈП контрола кај угостители и трговци

Катерина Ѓуровски