(ВИДЕО) Манојлоски: По изјавата на Анѓушев дека е прифатливо и Горна и Северна и Нова Македонија, неговата фирма стана предмет на интерес на грчкото електростопанство

Од:

„Кочо Анѓушев не е само бизнисмен, туку истовремено е и бизнисмен и втор човек во Владата на Република Македонија.
Не е проблем ако Кочо Анѓушев одлучи да го продава скапото Масерати кое го проценил на 60.000 евра. Проблем станува ако истото го продаде за 6 милиони евра.

Тогаш јавноста со право би била загрижена што се крие зад мотивот и кои се интересите некој да го плати неговиот автомобил 10 пати повеќе над реалната цена. Дали парите кои би биле исплатени за Масератито би биле компензација за нешто друго и на тој начин би биле исплатени услугите кои би ги направил вицепремиерот.

Затоа, сериозна е темата со продажбата на неговата компанија на грчкото електростопанство.

Анѓушев е должен да и одговори на јавноста колкава е реалната вредност на неговата фирма, а колкава е вредноста за која преговара со грчкото електростопанство. Дали евентуалната разлика од реалната и продажната вредност е некаков надомест за туркање на извесни интереси на грчките купувачи во момент кога преговорите околу проблемот кој што го има соседна Грција со нашето име се во деликатна фаза.

Доколку се погледне во анкетниот лист на господинот Анѓушев, ќе видиме дека тој неговата фирма ја проценил на 21 милион евра. Дали е ова цената за која ќе се продаде неговата фирма или се преговара за некоја повисока цена?
Кочо Анѓушев треба на јавноста да и даде конкретни одговори, а не да се крие зад партиските соопштенија на СДСМ.
Анѓушев не е обичен бизнисмен кој може да работи што сака без тоа да биде транспарентно. Анѓушев е исклучително влијателен во владата како десна рака на Зоран Заев.

Токму затоа граѓаните мошне внимателно ги следат неговите изјави. Загрижува фактот што набргу по изјавата на Анѓушев дека за него е прифатливо и Горна и Северна и Нова Македонија, како решение за името, неговата фирма стана предмет на интерес на грчкото електростопанство. Информација која беше потврдена од неговата фирма.

Анѓушев треба да престане да се крие зад партиските памфлети на СДСМ и час поскори да и даде информација на јавноста.

Граѓаните се вознемирени што ваквата продажба на фирмата на Анѓушев доаѓа во период кога Зоран Заев е убеден дека ќе дојде до решавање на спорот за името со Грција, а лично Анѓушев, од позиција на вицепремиер лицитира со имиња на државата.

Државата и националните интереси не смеат да бидат предмет на трговија на еден или друг политички субјект. Граѓаните заслужуваат транспарентна постапка во која ќе бидат навремено и целосно информирани за ова прашање од витално значење за Република Македонија“, изјави Горан Манојлоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски