ВИДЕО: Маниќ – Ја затворам Манда поради закани од Латас

Од:

Сопственикот на Манда, во центарот на Скопје денеска најави дека го затвора кафе барот поради „јавните закани“ на главниот и одговорен уредник на Вечер, Драган Павловиќ-Латас.

„Бидејќи институциите се во служба на Латас и немам каде да се обратам ја затворам Манда“, рече Маниќ. Според него, не постои никаде земја каде што главни уредници преку институциите се закануваат на приватни бизнисмени.

„Дали треба Латас да го прашуваме пред да почнуваме бизнис од која фирма треба сијалици да купуваме“, праша Маниќ.

Според него. Во досегашниов период доаѓале инспекции секој втор ден ама не пронашле ништо. Кафе барот ги има сите документи и дозволи, ама се затвора зашто очекува да му одредат казна за нешто што ќе мора да плати неколку илјади вера.

На Маниќ пред неколку дена му беше одземен и базенот Бисер кој го држеше 10 години, а како заслужен за тоа „го посочи Латас и бизнис олигархијата на Вечер“.

 

Би можело да ве интересира

Експлодираше автомобил кај „Бисер“ – возачот повреден

Анита Петровска Рајковиќ

Општина Аеродром: Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот на „Силбо“

Наум Локоски

Дуќанџиите од ТЦ „Бисер“ бараат истрага за случајот „Силбо“ во спротивно најавуваат протести и блокади

Наум Локоски

Маниќ: Ми праќаа посредници со услов како да го задржам базенот

Ана Ололовска

Маниќ: Аеродромци очекувајте Латасленд за 500 денари

Емир Латифовиќ