Експлодираше автомобил кај „Бисер“ – возачот повреден

Од:

Сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 15 часот во близина на трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром. Според информациите возачот изгубил контрола и удрил во жардењера на тротоарот. Од ударот дошло и до експлозија и чад се издигал од автомобилот.

Дознаваме дека возачот е повреден и е префрлен во клиничкиот центар.

Од МВР за А1он го потврдија настанот. Полициски екипи се упатени на местото на несреќата, но се уште нема подетални информации.

Според очевидци на настанот изгледало како да пукнала гумата на автомобилот по што возачот изгубил контрола.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он