„Граѓаните на Општина Зелениково заслужуваат да живеат во општина која претставува пристојно место за живот, која подеднакво ќе ја посакуваат староседелците и дојдените, инвеститорите и градителите, старите и децата.
Јас и мојот тим неуморно ќе се грижиме средината за живеење да биде чиста и незагадена која е еден од предусловите кои ги бара секое семејство а посебно најмладите. Со урбанизацијата на просторот, младите искористувајќи ги политиките за станбено финансирање ќе имаат можност да основаат дом во чиста и незагадена средина за живеење.
Имаме проекти за подобар живот, за изградба на потребната инфраструктура, за развој на спортскиот дух кај младите, за здрава животна средина.
Во продолжение ќе спомeнам само дел од проектите кои се предвидени во мојата програма:
1.Изработката на проектно техничка документација за реконструкција на водоснабдителен систем претставува основа или предуслов за реализација на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на мерни инструменти и нивна интеграција во мобилнаta и фиксна мрежа за далечинско отчитување комплет со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување во Општина Зелениково.
2.Изготвување на проектна документација и доизградба на канализациска мрежа во с. Орешани и Јане Сандански.
3.Основа на развојот на секоја општина се соодветните урбанистички планови усогласени со потребите на граѓаните и деловните субјекти. Со цел да излеземе во пресрет на овие потреби ќе се работи на измена и дополна на урбанистичкиот план за Зелениково како најголемо населено место во општината.
4.Со изработката на урбанистичките планови за Орешани, Таор, Пакошево, Ново Село, Страхојадица, Смесница, Вражале и Градовци, со кои се насочува и регулира организацијата на просторот во населените места, се очекува да се исполнат повеќе начела како рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет, одржлив урбан разбој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на недвижното културно наследство.
5.Регулација на дел од коритото на Симоничка Река.
6.Реконструкција на локален пат Станица Зелениково – Страхојадица- Смесница.
7.Со реконструкција на системот за греење во ОУ „Марко Цепенков“ покрај тоа што ќе се замени старата и дотраена инсталација истовремено ќе се замени и енергенсот за затоплување од постоечкиот (нафта) да премине на пелети.
8.Заради задоволување на потребите на родителите за згрижување на децата од предшколска возраст, ќе го зголемиме капацитетот на градинката и ќе згрижиме поголем број на дечиња.
9.Преку воспоставување на Јавно приватно партнерство ќе извршиме замена на постоечките со штедливи и енергетски ефикасни светилки.
10.Со воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на голф терени, општината на долг рок ќе обезбеди прилив по основ на концесиски надомест и истовремено ќе биде првата општина во државата во која домашните и странски голфери ќе имаат можност да играат голф
Ние се обрзуваме на одговорно и транспарентно работење за реализација на програмата која е реална и базирана на потребите на граѓаните на општината.
Ветуваме дека Зелениково ќе го доживее својот развој во модерно но чисто и незагадено место за живеење“, изјави Александар Манев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Зелениково.