(ВИДЕО) Манчевски: Скопје 2014 изеде 4446 градинки, Груевски излажа, пари во Буџетот за нови нема!

Од:

„Во предлог буџетот за 2017 година никаде ги нема 140-те детски градинки кои обвинетиот Груевски вети дека ќе ги изгради за три и пол години, во вредност од 25 милиони евра.

Во предлог-Буџетот за 2017 година, за изградба, опремување и одржување на градинки, за следните три години има само еден милион двеста и деведесет илјади евра. Со други зборови, Никола Груевски повторно лаже.

Обвинетиот Груевски не може ниту да ветува, ниту да реализира проекти од интерес на граѓаните. Тој со години, парите на граѓаните ги фрла на раскош и луксуз, кои изедоа илјадници градинки.

Верноста на целиот проект Скопје 2014, надмина 667 милиони евра. Овие пари изедоа 4.446 градинки.

Само проектот за, како што го нарекуваме, Тркалото на лудоста позади мене, чини 19 милиони евра. Тоа значи дека со овие пари можеа да бидат изградени 126 детски градинки.

По декември, новата влада предводена од СДСМ ќе донесе сосема нов Буџет, којшто на прво место ќе ги стави потребите на граѓаните. Ќе обезбедиме средства за нови реални градинки. За нови реални работни места со повисоки плати, и за нови поддршки за домашните фирми“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите